Севилја не можеше против расположениот Меси

Барселона со пресврт стигна до триумф (2-4) против Севилја на гости, а во главна улога беше аргентинскиот генијалец Лионел Меси кој постигна хет – трик. Последниот погодок за каталонскиот гигант беше дело на Луис Суарез, кој по долго време се запиша во листата на стрелците.

Севилја двапати имаше водство на овој меч. Хезус Навас постигна погодок за 1-0 во 22.минута, а по израмнувањето на Меси, Меркадо погоди за 2-1. Но, Барселона беше фантастична во вториот дел. Меси беше творец на пресвртот, а во финишот Суарез го постави конечниот резултат.

Барселона се наоѓа на врвот на табелата во Ла Лига со 57 бода, десет повеќе од Атлетико Мадрид, но и еден одигран натпревар повеќе.

Се вчитува...