Челси го загуби финалето на Лига купот на Англија, на пенали (3-4) од Манчестер Сити, а мечот го обележа скандалазното одбивање на голманот Кепа Аризабалага да биде заменет во 120.минута, непосредно пред изведувањето на ударите од белата точка. Менаџерот на Челси, Маурицио Сари беше бесен во тие моменти, но потоа го заштити својот играч.
„Можам да истакнам дека имам потполна контрола над тимот и дека фудбалерите играа токму како што се договоривме во соблекувалната. При изведувањето на пеналите едноставно немавме среќа. Што се однесува до замената на Кепа, тоа беше едно големо недоразбирање. Мислев дека е повреден по разговорот со лекарскиот тим, но тој беше во право, иако тоа го демонстрираше на непријатен начин што не е дозволено. Ќе разговарам со него“, изјави Маурицио Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА