Реал победи со два пенали, за првиот ’виновник’ беше Барди

Леванте ја прекина традицијата на успешни резултати против Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ славеше со 1-2, со реализација на два удари од белата точка.

Првиот пенал беше досуден по прегледување на ВАР-снимка и тоа откако Енис Барди играше со рака во шеснаесетникот, по центаршутот на Лука Модриќ. пеналот го реализираше Карим Бензема.

Во вториот дел, Роџер успеа да израмни, но Герет Бејл од втор пенал, во 78.минута, донесе триумф за „кралевите“.

Се вчитува...