Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, смета дека судијата Розарио Абизо е главен виновник што неговиот тим остана без победа на дуелот со Фиорентина. Натпреварот заврши 3-3, а домаќинот дојде до бод буквално во 100.минута од мечот од пенал, кој беше досуден по долго прегледување на ВАР-снимката. Дефанзивецот Д’Амбросио имаше контакт со топката во шеснаесетникот, а Абизо процени дека играл со рака.
„Топката го погоди Д’Амбросио во градите, а не во раката. Тоа беше очигледно, сите го видоа. Сите! Што да му кажам на судијата после ова? Сега сите ќе зборуваат дека Спалети треба да си замине. Ваквите натпревари се клучни за пласманот на тимот“, изјави Спалети.
Интер се наоѓа на третата позиција на табелата во Серија А со 47 бода, два повеќе од четвртопласираниот Милан и три повеќе од Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА