УЕФА е принудена да ја смени локацијата на квалификацискиот турнир за играчи до 17 години поради тоа што предвидениот домаќин, Шпанија одбива да ги истакне државните симболи на Косово чија репрезентација треба да биде дел од квалификациите.
Шпанија не го признава Косово и поради тоа е ставот за неистакнување на знамето на државата. Турнирот треба да биде одржан следниот месец, а најверојатно УЕФА ќе го пресели во Швајцарија.
Покрај Шпанија и Косово на овој квалификациски турнир ќе учествуваат и репрезентациите на Грција и на Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА