Францускиот првак Пари Сен Жермен и зададе голем удар на Барселона со трансферот на Бразилецот Нејмар, а сега е насочен и кон раководството на каталонскиот гигант. Првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи, го посакува спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал. Тој би требало да го замени Антеро Енрике и да добие задача да го формира новиот тим на ПСЖ за следната сезона.
Абидал се докажа на новата функција во Барселона, направи неколку одлични трансфери и Ал Келаифи нема да штеди финансии за да го доведе на „Паркот на принцовите“. Како огромен „кикс“ на Антеро Енрике се смета заминувањето на Адриен Рабио кој на лето ќе биде слободен агент и речиси сигурно ќе се пресели на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА