Бешикташ и Фенербахче одиграа вчера неверојатен натпревар во дербито на 23. коло од турското првенство кој заврши без победник, 3-3.
Фенербахче со неверојатна игра во второто полувреме успеа да стигне од 3-0 до 3-3. Сепак, и покрај феноменалниот натпревар во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас можеше да донесе и победа за Фенер, светската јавност пред се зборува денеска за фотографијата од мечот која зборува колку е чиста љубовта на навивачите кон својот клуб.
При резултат 3-0 за Бешикташ, камерите во Истанбул „уловија“ на трибините татко и син, навивачи на Фенербахче, во прегратка и во солзи… Фотографија која многу зборува. На крајот, сепак, и двајцата сигурно барем малку почувствуваа радост по трите погодоци на својот тим, и покрај тоа што Фенербахче ја игра една од најлошите сезони во историјата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА