Фудбалерот на Леванте, Чеик Докоре, заработи сериозна повреда на лигаментите на коленото во моментот кога направи пенал над Кашемиро, со кој Реал Мадрид славеше со 1-2 на стадионот „Сиудад де Валенсиа“. Тој промаши во празно со ногата, Кашемиро тоа го искористи за да исценира пенал на што наседна и судијата, а Докоре најверојатно ќе заврши „под нож“.
Леванте објави дека Докоре има повреда на надворешниот преден вкрстен лигамент на левото колено. По деталните лекарски прегледи најверојатно ќе мора да замине на операција, што ќе значи и крај на сезоната за овој фудбалер.
Тимот на Леванте моментно се наоѓа на 13. место на табелата, со вкупно 30 освоени бодови во Примера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА