Поранешниот играч на Арсенал, Абу Дијаби објави дека ја завршува кариерата. 32-годишниот француски интернационалец чија кариера ја обележаа бројните повреди реши да замине во пензија. Во последните две години тој и така немаше клуб, а последно настапуваше за Олимпик Марсеј.
Дијаби во Арсенал помина девет години, одигра 180 натпревари на кои постигна девет гола. Откако во Арсенал во последните две сезони одигра само два натпревара замина во Марсеј, но и таму имаше само шест средби за две сезони.
Во периодот додека беше во Арсенал, Англичаните му пресметаа дека имал дури 42 поврди, паузирал 1479 дена или четири од деветте години во клубот.
Former Arsenal midfielder Abou Diaby retired from football today aged 32.
Here’s a reminder of the horrendous run of injuries he suffered while at #AFC ? pic.twitter.com/cMbtPu07Jv
— talkSPORT (@talkSPORT) February 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА