Италијанскиот првак Јувентус ќе го продаде бразилскиот интернационалец Даглас Коста. Офанзивниот играч за врска оваа сезона не игра во својата препознатлива форма, постигна само еден гол и зад себе има 939 минути игра во дресот на „старата дама“ во сите конкуренции. Тренерот Масимилијано Алегри има огромна конкуренција во навалната линија, а Даглас Коста се чини дека не ја добива потребната минутажа и е подготвен да си замине.
Јувентус планира нови засилувања во летниот преоден рок и би го продал Бразилецот за сума од 50 милиони евра. За Даглас Коста има неколку заинтересирани клубови во Премиер – лигата и во Бундес – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА