Калдерон открива: Мурињо на лето ќе се врати во Мадрид

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, тврди дека португалскиот стратег Жозе Мурињо од следната сезона повторно ќе го предводи „кралскиот клуб“. По синоќешниот дебакл во Купот на Шпанија и елиминацијата од Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ со 0-3, повеќе од јасно е дека Флорентино Перез нема да дозволи Сантијаго Солари да остане на клупата. Тој веќе подолг период води разговори со Мурињо за враќање во Мадрид.

„Имам чувство, а и нешто повеќе од тоа, дека следната сезона Мурињо ќе седи на клупата на Реал Мадрид“, истакна Рамон Калдерон.

Португалецот беше на кормилото на „кралевите“ од 2010 до 2013 година.

Се вчитува...