Реваз Чантурија пред неколку дена го раскина договорот со Пелистер, но грузискиот крилен ракометар ја продолжува авантура во македонскиот шампионат. Струга ќе биде новиот клуб на овој играч, кој експресно ги договори деталите од соработката со раководството на стружани, најмалку до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Јасно е дека искуството на Чантурија ќе биде добредојдено за младиот тим на стружани, кои играат солидно во првата сезона по враќањето во елитното друштво. По четиринаесет одиграни кола Струга се наоѓа на шестото место на табелата со 22 бода, без шанси за влез во плејофот.
Чантурија си замина од Пелистер по конфликтот што го имаше со тренерот Петковиќ, а битолчани експресно ја договорија неговата замена, поранешниот ракометар на Металург, Александар Гуглета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА