Алегри брка нов рекорд против Наполи

Италијанскиот првак Јувентус се подготвува за гостувањето во Неапол, а тренерот Масимилијано Алегри се надева дека ќе постави нов рекорд во клупската историја.

Доколку Јуве остане непоразен против Наполи ќе биде тоа 26 последовен натпревар на гости на кој тимот на Алегри нема да доживее пораз. Со тоа ќе го надмине остварувањето на Антонио Конте кое заврши во сезоната 2012/13 со 25 меча без пораз надвор од Торино.

Последниот пораз на Алегри на клупата на Јувентус беше во ноември 2017 кога тимот загуби со 3-2 на гостувањето против Сампдорија. Оттогаш на 25 последовни натпревари Јувентус не знае за пораз на гости.

Се вчитува...