Иван Ракитиќ дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во Интер, откако децидно ги одбил челниците на „нероаѕурите“ за летен трансфер на „Џузепе Меаца“. Бројни медиуми објавија дека трансферот на Ракитиќ во Интер е завршена работа, но весникот „Марка“ денеска објави дека ситуацијата е сосема спротивна – Хрватот ни на сон не помислува кариерата да ја продолжи во овој италијански прволигаш/
„Една работа треба да е јасна – Ракитиќ не сака во Интер. Тој самиот го повтори својот став повеќе пати, многумина не му веруваат, но Ракитиќ е среќен во Барселона и навистина сака да го продаде. Точно е дека преку некои посредници беше понуден на Интер, италијанскиот клуб навистина го сака, но пресудна е желбата на фудбалерот, кој не сака ни да чуе за ваков трансфер“ – открива „Марка“.
Според шпанскиот весник, приоритет за Ракитиќ е останува во Барса, но доколку се случи да мора да си замине, тој ќе размислува за преселба во Премиер-лигата, каде Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 70 милиони евра за да го доведе во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА