Ракометната федерација на Македонија ја заврши процедурата за именување нов селектор на машкиот национален тим и в недела ќе ја одржи промоцијата на избраниот кандидат. Извесно е дека тоа ќе биде тренерот на Металург и предвoдник на млaдинските селекции, Данило Брестовац.
РФМ за в недела ја закажа промотивната прес конфернеција на која би требало да бидат соопштени деталите од договорот со новиот селектор како и целите кои федерацијата ги поставува пред него.
Фактот што РФМ бараше селектор кој не би имал тренерски ангажмав веројатно ќе биде надминат со компромисен договор Брестовац до јуни да го предводи Металург, а потоа комплетно да и се посвети на репрезентацијата.
Први предизвици за новиот селектор ќе бидат двата натпревари против Исланд во рамките од квалификациите за ЕП 2020 закажани за април, на кои неопходна ни е една победа за да си ги отвориме вратите кон ново големо натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

