Борусија Дортмунд повторно „киксна“ во Бундес-лигата откако „милионерите“ вечерва загубија со 2-1 од Аугсбург, овозможувајќи му на Баерн со евентуална победа викендов да се израмни со нив на делба на првото место на табелата.
Ниту враќањето на капитенот Марко Ројс не им помогна на „жолто-црните“, кои попусто имаа поголем посед над топката кога не успеваа да го загрозат противничкиот голман. На спротивната страна кобен за нив беше Кореецот Донг-Вон Џи, кој одлично се снајде во една мешаница и го отвори резултатот во корист на Аугсбург.
Фавр во второто полувреме ги уфрли во игра Алкасер и Гереиро, но набрзо потоа повторно блесна Џи, овојпат со фантастичен лоб-удар матирајќи го гостинскиот голман, за капитулација на лидерот на табелата. Борусија на десет минути пред крајот намали на 2-1 преку Алкасер по една голема грешка на домашните фудбалери, но „милионерите“ немаа сили за целосен камбек на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА