Јувентус го нуди Дибала на Наполи, а во размена го сака Кулибали

Италијанскиот првак Јувентус е подготвен да го понуди аргентинскиот офанзивец Пауло Дибала на Наполи, а во размена да го добие најдобриот дефанзивец во Серија А, Калиду Кулибали. И двајцата се дел од списокот на Реал Мадрид за летни засилувања, но раководството на „старата дама“ силно го посакува Кулибали од следната сезона и ќе стори се за да го доведе во Торино.

Претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис, не сака ниту да слушне за продажба на одбранбениот фудбалер, но би можел да се премисли доколку го добие Дибала. И едниот и другиот се проценети на 130 милиони евра, така што евентуалната размена не би вклучувала и дополнителни финансии или други фудбалери.

Јувентус утревечер (20.30 часот) му гостува на Наполи во дербито на сезоната во Серија А. „Старата дама“ има огромни 13 бода предност во однос на „наполитанците“ по 25 одиграни кола во италијанскиот шампионат.

Се вчитува...