Пред продолжението на шампионатот КК АВ Охрид се засили со српскиот центар Александар Андрејевиќ.
28-годишниот Андрејевиќ, висок 212 сантиметри, во Охрид доаѓа од редовите на српскиот второлигаш Здравје, а претходно во кариерата има настапи и за Спартак Суботица, ФМП, Раднички како и македонските суперлигаши Куманово и Струмица.
Во Охрид доаѓа како замена за Давид Миладиновиќ, кој предвреме ја заврши сезоната поради повреда. Андрејевиќ во новиот дрес ќе дебитира утре против МЗТ Скопје на дуелот во СРЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА