Ракометарите на Струга забележаа заслужена победа од 29-25 (14-14) во „езерското дерби“ против Охрид во рамките на Суперлигата на Македонија.
Охрид, пак, запиша пораз кој може сериозно да значи оддалечување на „белите“ од реалните шанси за пласман во плеј-офот. Стружани им се реваншии на охриѓани за поразот од првиот дел од шампионатот.
Мечот почна со доминација на Охрид кој се стекна до 15. минута и со предност од три гола, но домашните до финишот на полувремето успеаја да стигнат до 14-14.
Во второто полувреме тотална доминација на Струга која дојде до 19-15, и потоа само рутински ја одржуваа предноста за сосема заслужена конечна победа.
ФОТО: www.ohridnews.com.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА