Португалскиот стратег Жозе Мурињо не одмора од фудбалот ниту кога не е долу крај теренот. Тој е стручен аналитичар на „Bein Sports“, а ги коментираше и најавите за можно враќање на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанските медиуми тврдат дека Мурињо ќе го наследи Сантијаго Солари на клупата на „кралскиот клуб“ по завршувањето на сезоната.
„Поласкан сум што господинот Тебас, како прв човек на Ла Лига, посакува повторно да бидам дел од шпанскиот фудбал. Ми годат и најавите на Рамон Калдерон, поранешниот претседател на Реал Мадрид, дека јас би можел да се вратам на кормилото по завршувањето на сезоната. Тој сигурно добро ги знае случувањата во клубот, но морам да признам дека досега не сум имал никаков контакт со раководството на Реал Мадрид“, изјави Жозе Мурињо.
Фановите на Реал Мадрид ја бараат ’главата’ на Сантијаго Солари, откако тој загуби два дуели во „Ел Класико“, вечното дерби против Барселона, на домашен терен. Доживеа елиминација во Купот на Шпанија, а е многу далеку и од трката за шампионската титула во првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА