Капитенот на Барселона, Лионел Меси, ќе се врати во репрезентацијата на Аргентина за мечевите против Венецуела и против Мароко. Селекторот Скалони успеал да го убеди најдобриот аргентински фудбалер да се врати во националниот тим, открива „Мундо Депортиво“.
Скалони официјално в четврток ќе го соопшти списокот на фудбалери и на него за првпат по настапот на Светското првенство во Русија ќе биде и името на Лионел Меси. Подолг период Аргентинците живееја во неизвесност дали Меси воопшто ќе се врати во националната селекција, но Скалони успеал во намерата да го врати генијалецот во репрезентацијата.
Селекцијата на Аргентина се подготвува за следното издание на Копа Америка што ќе се одржи во Бразил од 14 јуни до 7 јули, а на мечевите против Венецуела и против Мароко нема да бидат повикани Мауро Икарди и Серхио Агуеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА