Македонскиот претставник во БИБЛ лигата, Кожув ја запиша третата сезонска победа откако благодарение на одличната последна четвртина славеше во дуелот од 8.коло над казахстанскиот Барси Атирај со 83-76.
Гевеглискиот тим во најголем дел од сребата бркаше негатива, во завршниот сегмент одигра одлична одбрана им дозволи на гостите само 10 поени и дојде до победата.
Најзаслужен за триумфот на Кожув беше Вилијамс со 23 поени, а Кесар мечот го заврши со 16 поени, а Караколев постигна 14.
Следниот меч за Кожув кој е на шестото место на табелата е на 7 март кога ќе го пречека составот на лидерот и досега непоразен Берое.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА