Модриќ: Не можеме 10 години да жалиме по Роналдо

Најдобриот фудбалер во светот за минатата година, Лука Модриќ признава дека на екипата и недостасува Кристијано Роналдо, но вели дека тоа не треба да биде изговор за лошата сезона.

Реал Мадрид е елиминиран од Купот на кралот, во Примера има огромно заостанување зад водечката Барселона од која само оваа седмица претрпе два пораза. Едниствената шанса за трофеј е Лигата на шампионите.

„Кристијано е играч кој би и недостасувал на било која екипа. Клубот се обиде неколку играчи да ја исполната неговата функција, тоа што тој го правеше да се распредели на повеќе играчи. Но, тоа не е лесно. Кристијано даваше по 50 гола во сезона, не може да се најде некој кој дава толку голови. Некој мораше да направи исчекор, не да дава по 50 гола, но да имаме двајца или тројца со по 15/20, тоа го немаме“ – вели Мордриќ.

Хрватскиот репрезентативец како главен проблем ја потенцира неефикасноста на нападот.

„Кристијано не е тука, не можеме десет години на се жалиме дека го нема. Клубот им даде доверба на други играчи. Единствениот начин е да продолжиме да работиме и да се држиме заедно. Реал Мадрид е секогаш на врвот, а и кога не е, сите знааат дека ќе се врати таму“ – смета Хрватот.

Се вчитува...