Баерн потпиша нов договор со наследникот на Рибери

Баерн Минхен не планира да троши мултимилионски суми на наследник за Франк Рибери, улога што ќе му биде доделена на Серж Гнабри. Овој 23-годишен фудбалер денеска потпиша нов долгорочен договор со баварскиот гигант, со кој Гнабри ќе остане на „Алијанц арена“ до 2023 година.

Овде се чувствувам како дома, нормално е да бидам пресреќен што ќе останам уште долго во Баерн. Многу е забавно да се игра за клуб како Баерн, едвај чекам да почнам да освојувам и трофеи“ – изјави Гнабри, кој сезонава веќе постигна осум погодоци за баварскиот гигант.

Германскиот крилен офанзивец беше дел од младинската академија на Арсенал, заминувајќи си од таборот на „топчиите“ во 2016 година со трансфер во Вердер. Потоа тој потпиша договор со Баерн, а откако лани имаше успешна сезона на позајмица во Хофенхајм, Гнабри годинава доби можност да се докаже и во дресот на баварскиот гигант, шанса што засега одлично ја користи.

Се вчитува...