Повредата што Алексис Санчез ја заработи на неделниот натпревар со Саутемптон е од посериозен карактер и чилеанскиот ас ќе мора да паузира околу шест седмици од фудбалските терени. Ова вечерва го потврди и Оле Гунар Солскјер, откако стратегот на „црвените ѓаволи“ ги доби резултатите од деталните лекарски прегледи на Чилеанецот.
„Веќе е и официјално, повредата на Алексис е сериозна и тој ќе паузира шест седмици. Се надевам дека што поскоро ќе го имам во тимот, но првите прогнози се дека тој ќе може да се врати кон крајот на април“ – вели Солскјер.
Ова е нова епизода во катастрофалната авантура на Алексис Санчез во дресот на Манчестер Јунајтед. Чилеанецот дојде од Арсенал пред 14 месеци, стана најплатен фудбалер во историјата на „црвените ѓаволи“, но досегашните бројки зад неговото име се поразителни – само пет постигнати гола на 41 натпревар во дресот на најтрофејниот англиски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА