Реал Мадрид го претрпе еден од најтешките порази на домашен терен во 21. век, а Серхио Рамос не само што „тактички“ заработи суспензија во пресрет на овој натпревар, туку и за време на дебаклот на соиграчите тој во ложата на „Сантијаго Бернабеу“ снимаше документарен филм за својата кариера.
Весникот „Марка“ објави фотографии од Рамос во ложата брендирана со неговите иницијали и бројот на дресот „СР4“, но и камери вперени токму во шпанскиот дефанзивец.
Капитенот на Реал тактички доби жолт картон во финишот од мечот во Амстердам, а очекувајќи неговите соиграчи рутински да ја довршат задачата тој планираше да го искористи времето од натпреварот за снимање на кадри за документарниот филм што се изработува токму за неговата кариера.
По двата брзи гола на Ајакс снимањето беше прекинато, но останаа фотографиите како доказ за тотално промашениот тајминг на Рамос, и за картонот во Амстердам и за документарецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА