Манчестер јунајтед со гол од пенал на Рашфорд во 94. минута стигна до неопходната победа од 3-1 против ПСЖ за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Но, објективно се работеше за дискутабилна ситуација за која свое мислење има и легендата на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд.
„Нема шанси да беше пенал. Ниту еден судија не може да ме убеди во тоа. Јасно, драго ми е што продолжуваме понатаму, но не ја разбирам таа одлука. Ако е ова ново правило, погрешно е“ – рече Фердинанд.
Оваа изјава не им се допадна на навивачите на Манчестер јунајтед, па Фердинанд наиде на серија критики, но тој опстојува на тоа дека вистината е таа и треба да се каже.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА