Алегри во конфликт со Ањели: Заминува ли од Јуве уште пред крајот на сезоната!?

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри, наводно е во сериозен конфликт со претседателот на клубот Андреа Ањели и тоа до таа мера да веќе е можно неговото заминување од клубот и пред крајот на тековната сезона, пренесува италијанскиот „Кориеро дело спорт“.

Неодамна спортскиот директор на торинскиот клуб Фабио Паратичи не го потврди останувањето на Алегри и наредната сезона, а сега сето тоа го подигна на едно рамниште повисоко.

„Неговата иднина не е поврзана со Лигата на шампионите или со освојувањето на италијанското првенство, туку е дел од прокет. На крајот од сезоната ќе седнеме и ќе одлучиме што понатаму“ – изјави Паратичи.

Сепак Алегри според пренесувањето на италијанските медиуми бил погоден од силните критики кои што претседателот на клубот му ги упатил по поразот од Атлетико Мадрид од 2-0.

И додека освојувањето на Серија А изгледа сигурно, Јувентус е на прагот на испаѓање од елитното натпреварување.

Се вчитува...