Падна договор меѓу Ванда Нара и Марота, се враќа Икарди?

Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди би можел набрзо да се врати во тимот на Интер откако извршниот директор Џузепе Марота имал срдечен состанок со Ванда Нара, сопругата на фудбалерот која воедно е и негов агент. Тој нема да ја добие назад капитенската лента, најверојатно ниту нов договор, но треба да се врати во составот на Лучијано Спалети.

Икарди најави дека ќе замине на операција на коленото, но сепак и тоа беше како дел од „војната“ со клубот.

„Минатото е минато, ја бараме најдобрата формула да се вратиме на вистинскиот пат“, изјави извршниот директор на Интер, Џузепе Марота.

Во меѓувреме, Мауро Икарди го подобри и односот во соблекувалната со Перишиќ и со Брозовиќ, кои бараа извинување од неговата сопруга Ванда Нара за искажани обвинувања.

 

Се вчитува...