Кошаркарите на Кожув го запишаа и осмиот пораз во 11-от свој натпревар во БИБЛ лигата сезонава. Гевгеличани на домашен терен загубија од бугарскиот Берое со 85-94.
Кожув имаше само една одлична третина – третата која ја доби со 31-16 и успеа по голем пресврт да ја анулира претходната предност на гостите. Но, во последниот период Берое повторно заигра како од почетокот на мечот и добивајќи ја последната четвртина со 16-25, на крајот заслужено стигна до победата.
Најефикасен кај Кожув беше Вилијамс со 24 поени, дополнети и со по седум скока и асистенции, додека 20 поени и шест асистенции имаше Караколев. Во победничкиот тим извонреден беше Конер Френкамп со 38 поени, плус и шест скока.
Македонскиот тим, по овој пораз, остана на петтата позиција додека Берое се проби на првото место со 21 бод, еден повеќе од второпласираната Теута која има плус и натпревар повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА