Солскјер ќе заработува половина од платата на Мурињо

Оле Гунар Солскјер ќе добие постојан договор, но ќе заработува половина од платата што ја земаше Жозе Мурињо. Норвежанецот дојде на местото на португалскиот тренер во декември и комплетно ја сврте сезоната на Манчестер Јунајдет. Според најавите Солскјер ќе зема 7,5 милиони фунти што е точно на половина од 15-те милиони на Мурињо.

Неделната палта на менаџерот би била 145 000 футни, двојно помалку од тоа што за една седмица добива Пол Погба, не е многу повеќе од она што се верува дека го земал како плата во Молде.

Солскјер досега го предводеше Јунајтед на 17 натпревари и има смао еден пораз, од ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите, но тимот од „Олд Трафорд“ направи подвиг со триумфот на гостувањето и обезбеди пласман во четвртфиналната фаза. Еден од последните знаци за тоа дека Солскјер ќе остане ов Манчестер подлго според англиските медиуми е и фактот што тој веќе не живее во хотел.

следен предизвик за Јунајтед и за Солскјер е дербито со Арснела в недела.

 

Се вчитува...