Присуството на двете навивачки групи, „Сити парк бојс“ и „Фемили Аеродром“ му дава дополнителен шарм на второто овосезонско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје, што се игра попладнево во „Градски парк“.
Гостинските навивачи пристигнаа со мало задоцнување и пресметката на трибините можеше да почне, со кратко пиротехничко шоу на аеродромци. Првото полувреме минува во спортска борба на теренот и фер-навивање на трибините, како што му доликува на едно големо дерби.
МЗТ Скопје на одмор замина со предност од 35-39.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА