Ракометарите на Охрид сосема очекувано стигнаа до лесна победа од 35-19 (18-9) против Прилеп во 16. коло од Суперлигата на Македонија.
Без никакви проблеми охриѓани стигнаа до триумфот, доминирајќи од самиот почеток на дуелот и рутински одработувајќи го до крајот.
Со оваа победа составот на Горан Андовски ја продолжува битката за место во плеј-офот. На две кола до крајот од првиот натпреварувачки дел Охрид е на петтото место со 33 бода, колку што има и четвртопласираниот Бутел. Трет е Пролет со 34 бода, а втор Пелистер со 35 бода. На врвот е Еурофарм со 46 бода. Првопласираните четири екипи обезбедуваат место во плеј-офот каде чекаат Вардар и Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА