Херман сензационално до златото на СП во бијатлон

Германката Денис Херман го освои златниот медал во потера на Светското првенство во бијатлон кое се одржува во шведски Остерсунд. Германката 10 километарската трка ја заврши со време од 22:15.50 стотинки, што беше за 10 секунди побрзо од сребрената Норвежанка Тирил Екоф. Бронзата и припадна на Германката Лура Далмаер.

Златната од спринтот Анастасија Кузмина од Словачка денешната трка ја заврши на шестата позиција, со дури седум промашени мети.

Следниот настап на Светското првенство дамите ќе го имаат во вторник кога на програмата ќе биде 15 киломотерската индивидуална трка.

Се вчитува...