Украинецот Дмитро Пидрушно е сензационален победник на машката потера 12,5 километри на Светското првенство во бијатлон кое се одржува во Остерсунд, Шведска.
Пидрушни до златото стигна откако големиот фаворит и првопласиран од спринт-трката Норвежанецот Јоханес Тингес – Бо во последната посета на стрелиштето дури три пати ја промаши метата што му донесе само сребрен медал. За изненадувањето да биде уште поголемо, ова за 27-годишниот украински бијатлонец беше прва победа во кариерата која трае од 2012 година.
Бронзата му припадна на Французинот Квентин Фијо-Маје.
Следниот настан на Светското првенство во Остерсунд во машка конкуренција е трката на 20 километри индивидуално.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА