Легендата на турскиот фудбал Умит Каран е веќе очигледно максимално обожуван во Чаир. Тоа лесно беше забележливо пред, за време и по натпреварот на Шкупи кој чаирчани го добија со лидерот во шампионатот Шкендија.
Со денешниот триумф, веќе трет пролетва, Шкупи јасно веќе покажува дека Европа е безусловна цел сезонава. А, сето тоа благодарение на никој друг но Умит Каран – човекот кој го препороди чаирскиот прволигаш.
Триумфот денеска го донесе Муарем Бајрами со гол од пенал во 30. минута. Па, Шкупи по 22 кола сега се проби на четвртото место на табелата со 33 бода, само шест помалку од Академија Пандев и Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА