Иско бил „кртот“ во соблекувалната на Реал Мадрид

Шпанскиот репрезентативец Иско Аларкон е дистанциран од тимот на Реал Мадрид поради тоа што издавал тајни од клупската соблекувална, открија шпанските медиуми. Тој доби и дисциплинска мерка затоа што одбил да се вози со клупскиот автобус од базата до „Сантијаго Бернабеу“ во пресрет на мечот против Ајакс во ЛШ. Иско не беше избран во составот, но сите фудбалери задолжително се возат со автобусот, а потоа дел од нив се упатуваат на трибините.

Фудбалерот за врска одлучил да се вози со приватен автомобил и затоа доби санкција. Покрај ова откриено е дека Иско издавал дел од тајните од соблекувалната на девојката Сара Саламо, која е актерка, а таа потоа ги проследувала индформациите до одредени медиуми. Така неколку „жешки“ вести за Реал Мадрид се појавиле во јавноста уште во периодот кога тренер беше Хулен Лопетеги, на почетокот од сезоната.

Иско Аларкон најверојатно ќе биде продаден во летниот преоден рок, а за него интерес покажуваат Манчестер Сити, ПСЖ и Јувентус.

Се вчитува...