Реал Мадрид ја совлада екипата на Реал Ваљадолид со 4-1 во натпреварот од 27. коло од Ла лига, и за момент ја намали кризата со која се соочува „кралскиот клуб“ изминатиот период. Сепак шпанска „Марка“ тврди дека на последниот тренинг пред неделниот натпревар во конфликт влегле капитенот на тимот Серхио Рамос и Бразилецот Марсело.
На саботниот тренинг играчите биле поделени во два тима, а екипата на Марсело била поуспешна од онаа на Рамос. Бразилецот победата ја прославил на начин кој не му се допаднал на Рамос, по што започнала голема расправија. Расправијата траела неколку минути, но како што пренесува „Марка“ била многу жестока. Поголем проблем спречиле нивните соиграчи кои морале да ги раздвојат двајцата фудбалери.
Марсело и Рамос инаку се одлични пријатели, а овој конфликт уште еднаш докажува дека работите во „кралскиот клуб“ не функционираат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА