Охрид има минимални шанси за влез во плејофот, а ситуацијата дополнително се компликува со заминувањето на Дарко Георгиевски од редовите на овој клуб. Георгиевски не настапи за Охрид при последната победа над Прилеп, за денеска и официјално да биде потврдено дека тој го раскинал договорот со суперлигашот.
„Со управата на клубот се разделивме најпријателски. Најпрво сакам да им се извинам на „Рибарите“ што не ги поздравив после мечот со Струга. Мојот однос према нив не беше спортски и професионален и уште еднаш им се извинувам, а обвинувањата дека не сум се ангажирал доволно категорично го отфрлувам. Претходните неколку недели имав конфликт со тренерот, бев на мета на негови критики иако екипно имавме добра полусезона. Одлуката на управата како што кажав и претходно ја прифатив и се разделивме најпријателски. За работата на тренерот и неговите замисли не се мешам, за тоа ќе си каже управата. На играчите им посакувам многу среќа понатака, а на „Рибарите“ ги охрабрувам и понатаму да бидат двигател на спортските успеси на РК Охрид“ – изјави Дарко Георгиевски за “ohridnews”.
Охриѓани во следното коло од Супер-лигата ќе го пречекаат лидерот Работник, меч што мораат да го добијат доколку сакаат да ги задржат шансите за плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА