Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, смета дека неговиот тим не е фаворит во пресрет на реванш пресметката од осминафиналето во Лигата на шампионите против Јувентус. Атлетико има позитива од 2-0 од воведната пресметка којa ја одигра на домашен терен.
„Во вака силни натпревари нема фаворити. Двата натпревара се две приказни. Ништо не може да се предвиди. Сега што и да кажеме нема да направи никаква разлика“ – вели Симеоне.
Во неговиот состав ќе недостасуваат неколку клучни играчи, дел поради повреди, дел поради суспензии.
„Ќе ни недостасуваат играчи. Но, ќе направам се за на теренот да го испратам најдобиот можен тим. Ќе бидеме подготвени да се бориме. Од друга страна Јувентус не е само Кристијано Роналдо. Има многу опции во нападот“ – најавува Аргентинецот.
Симеоне смета дека дури и да биде елиминиран Атлетико, тоа не би требало да се гледа како голем неуспех со оглед на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА