Чао за Вардар и од Карачиќ: Хрватот три години во Киелце

Хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ го напушта Вардар и во идните три сезони ќе го носи дресот на полскиот клуб Киелце. Тој оди по стапките на Лука Циндриќ, но најверојатно ќе биде негов наследник во Киелце, со оглед дека тој се подготвува за трансфер во Барселона или во ПСЖ. Карачиќ веќе потпишал тригодишен договор со Киелце со важност од стартот на следната сезона.

Карачиќ е ракометарот со најголем стаж од сите актуелни членови на „црвено-црниот“ тим. Сепак, и тој одлучи да му каже збогум на Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Полска. Трансферот е официјално потврден и од редовите на Киелце.

 

Се вчитува...