Завршниот турнир од БИБЛ-лигата за оваа сезона ќе се одржи во Тирана, одлучи раководството на ова регионално кошаркарско натпреваурвање.
„Прв пат еден Ф4 турнир во Балканската лига ќе се одржи во Тирана. Турнирот е закажан за викендот 6-7 април 2019 година и ќе се одржи во новата саала „Фети Борова“ во албанскиот главен град“ – соопшти БИБЛ-лигата на својата официјална веб-страница.
Македонија повторно ќе има свој претставник на овој фајналфор турнир, тимот на Блокотехна кој втора година по ред стигнува до завршницата од регионалното натпреварување. Амбициозниот состав од Гевгелија лани со два несреќни порази го освои четвртото место во Самоков, но се надева на подобар резултат годинава во Тирана.
Покрај Блокотехна, дел од завршниот турнир во Тирана ќе бидат и албанскиот претставник Теута, како и бугарските прволигаши Академик и Берое.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА