ИААФ најави големи промени во Дијамантската лига од 2020 година

Бројот на дисциплини на еден митинг во Дијамантската лига ќе биде намален од 32 на 24, најавија официјалните лица на Меѓународната аматерска атлетска федерација. По едногодишно истражување, ИААФ одлучи времетраењето на митинзите да биде намалено од два часа, на деведесет минути. Од 2020 година  календарот наместо постоечките четиринаесет натпреварувања, ќе бидат вметнати дванаесет и ќе има само еден завршен митинг.

„Сакаме Дијамантската лига да ја направиме посилна и поинтересна за нашите спортисти и фанови“ – истакна претседателот на ИААФ Себастијан Коу.

Од ИААФ информираа дека во натпреварувањата најдолга ќе биде трката на 3 000 метри, што донесе големо незадоволство кај атлетичарите кои настапуваат на трките на 5 и 10 километри.

Се вчитува...