Луис Хамилтон во новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе заработи 57 милиони долари, со што ќе остане најплатен возач во најбрзиот „циркус“ во светот. Британецот за една извозена трка ќе заработи 2.86 милиони долари.
Веднаш зад него е возачот на Ферари, Себастијан Фетел кој во 2019 ќе има заработка од 45 милиони долари. Трет на листата е возачот на Рено, Даниел Рикардо, кој ќе заработи 17 милиони долари.
Најголема разлика во платата од минатата сезона ќе ја има Финецот Кими Раиконен кој заработените 30 милиони во Ферари, ќе ги замени за годишна плата од 4,5 милиони во екипата на Заубер. Најслабо платен во новата сезона ќе биде новајлијата во редовите на Торо Росо, Британецот со тајландски пасош Александер Албон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА