Реал Мадрид најавува бурно лето на фудбалската берза, а еден од приоритетите на „кралскиот клуб“ ќе биде и ангажман на Килијан Мбапе. Сепак, претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи јасно стави до знаење дека нема намера да го продаде францускиот голгетер.
„Го сакате бројот на Мбапе? Не би ви го дал ниту за милијарда евра. Не постои цена за овој фудбалер, нема да го продадеме и тоа е крај на приказната“ – порача Ал Келаифи.
Првиот човек на ПСЖ не е вака дециден кога станува збор за Нејмар, па интересно ќе биде да се види дали Бразилецот би можел да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА