Оберг ги обедини светската и олимписката титула

Домашната надеж Хана Оберг е победничка на 15 километри индивидуалната трка на Светското првенство во Остерсунд, Шведска. Оберг до победата стигна со беспрекорност на стрелиштето, каде во четири посети немаше ниту една промашена мета. Среброто и припадна на италијанката Лиза Витоци, додека бронзена беше Жастин Бреиза од Франција.

Со денешната победа Хана Оберг успеа да ги обедини олимписката и светската титула во истата конкуренција, откако минатата година беше најдобра и на игрите во Пјонг-чанг.

Утре на програмата на Светското првенство е 20 километарската индивидуална трка во машка конкуренција.

Се вчитува...