Италијанскиот првак Јувентус имаше магична ноќ во Торино, успеа да го елиминира Атлетико Мадрид славејќи со 3-0 во реваншот. Шпанскиот состав допатува со предност од 2-0, но Кристијано Роналдо со хет – трик ги уништи избраниците на Диего Симеоне.
Дефанзивецот Леонардо Бонучи вели дека тој и соиграчите не зборуваат премногу надвор од теренот, но Јувентус секогаш го дава најдоброто токму на фудбалското поле.
„Ова е прекрасна ноќ за сите на кои Јуве им е во срцето. Многу работи беа кажани, но ние молчевме и трениравме напорно. Јувентус секогаш зборува на теренот. Ова е фантастичен тим предводен од одличен тренер. Имавме четири шанси и постигнавме три гола. Да, но тие на првиот меч од два шута дадоа два гола. Благодарност до фановите, тие беа нашиот 12-ти играч“, изјави Леонардо Бонучи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА