Фудбалската федерација на Македонија го раскина договорот со доставувачот на храна за работа на Академијата на ФФМ, „Галакујна“ од Скопје, по последното труење со храна на 11 деца и еден физиотерапевт за кое информираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
„Потврдуваме дека има труење со храна на 11 деца и физиотерапевт. Раскинат е договорот со ‘Галакујна’. Ручекот и вечерата тој ден кога се случи труењето беа во тој ресторан. Децата веќе се хранат во други ресторани ‘Дукат’ и ‘Џино’“– информира портпаролот на ФФМ, Златко Андовски.
ДСЗИ, како што објавивме претходно, веќе ја затвори „Галакујна“ поради сомнеж за алиментарна токсоинфекција од храна конзумирана од тоа место.
Андоновски на денешната прес-конференција во ФФМ информираше и дека ФФМ испратила претставка за заштита поради незаконско дејство од Агенцијата за млади и спорт, по притисокот од страна на Агенцијата непосредно пред одржувањето на Собранието на ФФМ кое ќе се одржи на 17. март со почеток од 10 часот во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА