Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид и потпиша договор до 2022 година. Мадридскиот „Ас“ пренесува дека францускиот стратег ќе заработува 12 милиони евра годишно. Интересен е податокот дека со новиот договор Зидан ќе заработува двојно помалку од Диего Симеоне, кој во Атлетико Мадрид има годишна заработка од 24 милиони евра.
Во првиот престој во Мадрид, Зидан кога дојде како замена на Рафаел Бенитез заработуваше 2.5 милиони евра. По освојувањето на Лигата на шампионите платата му беше зголема на 5 милиони, за на крајот неговата плата да стигне до 7,5 милиони евра.
Враќањето на популарниот Зизу е одлична вест за сите фанови на мадридскиот клуб, но и за клупската каса бидејќи Флорентино Перез успеа да добие одличен тренер за релативно пристапна цена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА