Германците по 13 години без четвртфиналист во ЛШ, Англичаните блеснаа по една деценија

Германија по цели 13 години нема да има претставник меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите. По вечерашната елиминација на Баерн Минхен, германските тимови се соочија со поразителниот факт, откако претходно испаднаа и Борусија Дортмунд и Шалке 04.

Англичаните блескаат оваа сезона. По цела деценија повторно има четири тима меѓу осумте најдобри. Ливерпул им се придружи на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и на Тотенхем.

Во четвртфиналето се уште и Порто и Ајакс.

Се вчитува...